Top Sport

Белгијците би го земале Компани како замена за Мартинез

Англискиот второлигаш Барнли стравува дека ќе остане без менаџерот Винсен Компани, откако Роберто Мартинез си поднесе оставка од позицијата белгиски селектор по фијаското на Светското првенство, јавува „Телеграф“.

Поранешниот капитен на Манчстер сити, кој имаше 89 настапи за Белгија од 2004 до 2019 година, ги презеде Барнли пред шест месеци и во првиот дел од сезоната успеа да ги крене до првото место во Чемпионшип. 36-годишниот Компани исто така драстично го промени стилот на игра на Барнли кои долго време беа предводени од Шон Дајч, кој имааше дефанзивен стил на игра.

Доколку Компани се реши да прифати ваква понуда, ќе се најде пред вистински предизвик во репрезентацијата, во која таканаречената „златна генерација“ (Еден Азар, Кевин де Брујне, Ромелу Лукаку…) не ги оствари големите очекувања и се очекува дел од нив да се откажат од национаниот дрес.

Scroll to Top