Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода на улицата „Питу Гули“, повредено 74-годишно лице на велосипед

Охрид, 6. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 5-ти мај 2024 година, околу 14:45 часот, на улицата „Питу Гули“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа во која е повредено едно лице.

– Незгодата се случила помеѓу велосипед управуван од страна на 74-годишно лице од Охрид и патничко возило марка „Хјундаи “ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 28-годишен охриѓанец. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука