Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Румениге: Го пониживме Реал со 9:1, но сега тие станаa нашата „бела мачка“!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Карл Хајнц Румениге при секое свое излагање за Реал Мадрид ја потенцира максималната почит која ја чувствува кон „кралскиот клуб“, за кој смета дека е единствениот клуб кој е поголем од Баерн Минхен.

Легендарниот оперативец на баварците се уште е дел од директорската гарнитура на Баерн и има улога на советник при носење на најважните одлуки во клубот, па токму поради тоа секогаш е интересен за медиумите, особено пред дуели како оној утре на „Сантијаго Бернабеу“.

Румениге има своја историја со Реал Мадрид и од играчките денови и ужива во секоја нова пресметка меѓу Баерн и Реал, дуел кој според него е најголемото европско дерби во историјата.

Германскиот и шпанскиот великан се имаат сретнато 27-пати во најсилното натпреварување на Европа, а сега Румениге за „АС“ откри кога поточно се разбудило големото ривалство, кое трае до ден денеска.

– Почетокот на ривалството датира од 80-тите години. Се сеќавам на еден пријателски меч. Ги победивме со 9:1 и ги пониживме, после тоа мислам дека веднаш го отпуштија тренерот. Тоа беше понижувачки пораз за нив, но тие се уште беа на одмор, а ние бевме во добра фаза од подготовките. Таа победа подоцна се покажа како голема грешка и тоа го гледаме и денеска.

– После натпреварот, Пол Брајтнер влезе во соблекувалната и ни порача дека сме луди. Ни кажа дека ќе не убијат на „Бернабеу“ на првото следно гостување. Така и беше, Камачо сакаше да ме убие на теренот. Тука почна големото ривалство, а потоа и митот дека ние сме „црна мачка“ за нив. Последен пат бевме „црна мачка“ за нив во 2012-та година, оттогаш наваму, Реал Мадрид стана нашата „бела мачка“, – алудирајќи на поразите кои ги претрпе Баерн од Реал во Лигата на шампионите во последната деценија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни