12.8 C
Скопје
02:56 - 17 мај, 2024

Како скриена камера: Здравко Чолиќ се венчал на 1 мај, еве и како

Необична венчавка на Здравко Чолиќ.

Здравко Чолиќ, легендата на регионалната музичка сцена, има две посебни причини за славење секој мај – на почетокот и на крајот на месецот.

Пејачот го кажал судбоносното „да“ на 1 мај, додека на 30 мај му е роденден.

Миленикот на жените, по кој воздивнуваа бројни убавици, застанал пред матичар на 50-годишна возраст. Се откажал од статусот „вечен ерген“ за Александра, со која се запознал кога била студент по географија.

– Одамна се запознавме во Макарска. Александра студираше во Белград, па продолживме да се гледаме, а со текот на времето започнавме врска, откри вечниот шармер.

Пред да ги разменат бурмите, се забавуваа единаесет години.

– Се венчавме сосема спонтано, на 1 мај 2001 година. Сите мислеа дека е скриена камера бидејќи излеговме на средба. Долго бевме во врска, па тоа беше џа или бу, призна своевремено Здравко Чолиќ.

На прашањето како Александра го освоила, тој одговорил:

– Ме маѓепса со својата едноставност и наклонетост. Секој маж сака некој да се грижи за него. Мислам дека тоа беше пресудно.

Сопругата на Здравко Чолиќ во трите децении од нивниот заеднички живот не ни помислила да се експонира. Нејзините фотографии во јавност се избројат на прсти, а за давање интервју станува ни збор.

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ го покажа станот: Каква луксузна трпеза!

Слични објави

(Фото) Пластичен хирург верува дека Том Круз се подложил на липосукција: „Добро направено“

еспресо

„Тоа не се мали пари…“: Се огласи директорот на хрватската болница во која Бејби Лазања сака да донира пари

Еспресо

„Од каде ѝ стан во Врачар, тоа е мое“: Се огласи Миша Гроф откако Николина Пишек најави дека ќе му дојде на врата со полиција

Еспресо

Џенифер Лопез и Бен Афлек на чекор до развод: Актерот се отселил од луксузната вила

еспресо

(Фото) „Шокантно, не е за деца!“: Сергеј Трифуновиќ објави фотографии од сопругата, последна ноќ како девица

Еспресо

Саша Поповиќ откако доживеа повреда: Откри дали ќе продолжи да ја снима „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо
Се вчитува....