Објавено на:

Барса бара начин да се ослободи од Левандовски

t

Каталонскиот спортски дневник Спорт денеска објави текст поврзан со најдобриот стрелец на Барселона, Роберт Левандовски.

Според авторот, спортскиот директор Деко и тренерот Чави на крајот од сезоната планираат неколку болни заминувања, а едно од нив треба да биде тоа на полскиот голгетер. Левандовски повеќе не е недопирлив и во клубот постојат сомнежи во врска со неговиот континуитет, а особено се прави споредба меѓу неговиот придонес на теренот и платата која идната сезона треба да изнесува околу 30 милиони евра.

Иако две сезони по ред е најдобар стрелец на Барселона, Левандовски играше на врвно ниво само во првата кампања и тоа до почетокот на Светското првенство во Катар. Оттогаш не е ни сенка на играчот кој дојде од Баерн, а тоа се гледа и по неговиот број на голови – само 16 во Ла Лига оваа сезона.

Напаѓачот има желба да остане во Барселона најмалку уште идната сезона, а можеби и две, со оглед на тоа што неговиот договор е со важност до 2026 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герапетритис: Граѓаните на Македонија не би сакале…

По низата предупредувачки пораки од грчкиот премиер…

Ќе биде потребно време да се најде…

По веста објавена од Иранската државна телевизија…

ДИК, последни подготовки за прегласувањето во среда

.Државната изборна комисија е подготвена за прегласување…

Во Австрија уапсено 14-годишно девојче, планирало терористички…

Уапсено е 14-годишно девојче наводно од Црна…

Ален на средба со Курти: Косово припаѓа…

Американската државна потсекретарка за јавна дипломатија Елизабет…