Свет
Трамп вели дека тој е единствената личност во светот што може да стави крај на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој е единствената личност во светот што може да стави крај на војната во Украина, додавајќи дека напорите да се спречи ескалацијата на конфликтот се „донекаде под контрола“.
Мислам дека нема никој на светот кој може да го запре рускиот претседател Владимир Путин, освен мене – рече Трамп доцна синоќа во интервју за „Ауткик“.
„И мислам дека ќе можам да го запрам“, додаде тој.
Имавме многу рационални дискусии и само сакам да видам дека луѓето престануваат да се убиваат, рече Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Земјотрес ја погоди Албанија

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 08:08 часот во Албанија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил на околу 35 километри од Елбасан.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 15 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Свет
„Политико“: Каја Калас се соочува со критики дека се уште се однесува како премиер

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Каја Калас се соочува со бројни критики во првите месеци на функцијата, а бриселските власти се најкритични кон неа затоа што сè уште „се однесува како премиер“, велат извори за „Политико“.
За време на нејзината посета на Киев, веднаш по преземањето на функцијата во декември, Калас на мрежата Х објави дека „Европската унија сака Украина да победи во оваа војна“, а некои официјални претставници на ЕУ рекоа дека се чувствуваат непријатно што шефот на Европската служба за надворешни работи, на првиот ден на работа, си дава слобода да „го надмине она што тие го сметаа за воспоставена реторика за време на повеќе од две години војна во Украина“.
„Калас сè уште се однесува како премиер“, рече еден дипломат на ЕУ, под услов неговиот идентитет да не биде откриен, алудирајќи на нејзината претходна позиција како премиер на Естонија.
Овој извор и девет други дипломати и функционери на ЕУ според „Политико“ укажаа на она што го гледаат како „низа погрешни чекори“ во текот на првите неколку месеци од работата на Каја Калас, почнувајќи од претставување важни предлози за кои таа нема поддршка, до преземање преголема слобода во изјавите за надворешна политика.
Неколку дипломати, исто така, изразија незадоволство од нејзиниот стил на лидерство, жалејќи се на, како што го опишаа, недостигот на консултации за чувствителните прашања.
Во првите месеци од нејзиниот мандат, овие грижи се зголемија, меѓу другото, и поради нејзиниот цврст однос со Русија, што ја оддалечи од ставовите на членки како Шпанија и Италија, кои не ја делат нејзината оценка дека Москва е непосредна закана за ЕУ, наведува „Политико“.
„Додека ја слушате, се чини дека сме во војна со Русија, што не е линијата на ЕУ“, рече еден претставник на ЕУ.
Друг приговор се однесува на нејзиниот предлог, по Минхенската безбедносна конференција во февруари, земјите од ЕУ да обезбедат итна воена помош во милијарди евра за Украина, откако САД го демантираа тоа, пишува бриселскиот портал.
Во документ од две страници во неделата вечерта, естонската политичарка побара од 27-те земји-членки на унијата, меѓу другите барања, да најдат најмалку 1,5 милиони парчиња артилериска муниција.
Двајцата дипломати, од источна и северна Европа, истакнаа дека Калас не успеала да добие поддршка од големите земји како Франција пред да го претстави својот предлог.
Уште една работа за која дипломатите ја обвинуваат Калас е откажувањето во последен момент на средбата на шефот на европската дипломатија на Европската унија и американскиот државен секретар Марк Рубио во Вашингтон на крајот на февруари, поради, како што наведоа, лошата подготовка на средбата со американската страна.
Во изјава за „Политико“, официјален претставник на Европската служба за надворешни работи донекаде го минимизира значењето на овие критики и рече дека земјите-членки ја избрале Калас затоа што сакаат воен водач кој ќе ги „турне работите напред“.
„Европските лидери постојано повикуваат на поголема помош за Украина, време е за акција, а не само за зборови“, нагласи овој претставник на ЕЕАС, пренесува Танјуг.
Свет
Човек на Трамп: Да бидеме јасни, нуклеарното оружје било руско, а не украинско

Пратеникот на Трамп за специјалните мисии Ричард Гренел изјави дека нуклеарното оружје оставено на украинска територија по распадот на СССР и припаѓа на Русија, тврдејќи дека тоа е „незгоден факт“.
„Да бидеме јасни за Будимпештанскиот меморандум: нуклеарното оружје беше руско. Украина и го врати нуклеарното оружје на Русија. Тоа не беше украинско. Ова е непријатен факт“, рече Гренел.
Стивен Пајфер, поранешен американски амбасадор во Украина и експерт за нуклеарно оружје, му одговори дека е „во потполност греши“.
„Помогнав во преговорите за Будимпештанскиот меморандум. Гренел целосно греши. Нуклеарните боеви глави во Украина беа советски, а не руски. Боевите глави во складот беа исклучиво под украинска контрола. Интерконтиненталните балистички ракети и бомбардери беа елиминирани во Украина, освен мал број што беа испратени во Русија за отпишување на долгот“, рече тој.
Тој нагласи дека Украина одлучила да испрати нуклеарни боеви глави во Русија за демонтирање главно затоа што Москва ветила дека ќе го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и дека нема да употребува сила против Украина. Тој го советуваше Гренел да го проучи целиот случај.
Претходно, поранешниот американски претседател Бил Клинтон изрази жалење за неговата улога во нуклеарното разоружување на Украина во 1990-тите, сугерирајќи дека во спротивно Русија можеби немаше да ја започне својата целосна инвазија.