Германија ќе испрати повеќе од 350 генератори за струја во Украина

од Nikola Popovski

Германија ќе ѝ испорача повеќе од 350 генератори на електрична енергија на Украина, бидејќи енергетската инфраструктура на Украина е делумно уништена од руските напади, соопшти германската влада.

„Германскиот канцелар Олаф Шолц разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски на кого му вети дополнителна краткорочна поддршка“, изјави неименуван владин портпарол и додаде дека германската енергетска помош досега изнесува 56 милиони евра.

-Шолц „ја потврди тековната поддршка на Германија за Украина, вклучително и во областа на воздушната одбрана и долгорочната реконструкција“, додаде портпаролот.

На почетокот на октомври Русија започна кампања со ракетни напади врз енергетската инфраструктура на Украина.

Според украинската влада, оштетена е 25 до 30 отсто од инфраструктурата.

Слични содржини