Детски насмевки, игри и песни, денес го одбележаа денот на планетата Земја

Со акцијата „Ајде сите во парк“, одбележан денот на планетата Земја. Денес во убавиот парк во населба „Баби“, се спроведе настан од пет спортски игри и засадување на дрвца. Митров вели дека целта на програмата е да се одржи комуникација помеѓу градинката родителите и децата.

„Денес го одбележуваме денот на планетата Земја, со акцијата „Ајде сите во парк“ целта е според програмата за работа на градинката да го одржиме тој триаголник помеѓу градинка, родител и дете. Денес родителите и децата ќе уживаат во пет спортски игри и по завршување на игри ќе засадиме околу 50 дрвца во овој прекрасен парк во населбата „Баби“. Акцијата е еколошка да ги учиме децата на општествена и еколошка свест уште од најмали нозе.“ – изјави Митров

Денешната акција е еколошка, а воедно и поучна со цел дечињата да ја потикнат општествено и еколошка свест уште од најмали нозе. По завршувањето на спортските игри, во паркот беа засадени и околу 50 дрвца.

Лаура Стојанова М-Нет