Breaking News

Руската војска го зазеде селото Богдановка во источна Украина


Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руската армија го зазела селото Богдановка, меѓу Бахмут и Часов Јар во источна Украина.


„Единиците на „Јужните“ сили целосно го освоија селото Богдановка, во Народна Република Доњецк“, соопшти руското Министерство за одбрана.


Богдановка има помалку од 100 жители пред војната, се наоѓа на помалку од 10 километри од Часов Јар, градот кон кој се упати руската армија по преземањето на Бахмут во пролетта 2023 година.

рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА