Мечот почна пред две недели, се доигра вечерва, а Рома се радуваше со погодок во 90+5 минута

Фудбалерите на Рома и Удинезе ги одиграа последните 18 минути од прекинатиот меч во рамките на 32-roto коло во Серија А, а Римската волчица во последните моменти стигна до голема победа.

Се играше 90+5 минута кога Кристанте погоди за победа на Рома од 2:1, иако гостите губеа по првиот дел на оваа средба.

Переира погоди за Удинезе во 23-тата минута, а Лукаку израмни во 64-тата минута, во дуелот кој се играше пред две недели. Тогаш средбата беше прекината во 72-рата минута поради еден страшен момент. Фудбалерот на Рома, Еван Ндичка, падна на теренот и многумина се плашеа да не се случи најлошото.

За среќа, Ндичка помина добро, но судијата го прекина мечот, кој вечерва се доигра, а Рома стигна до многу важна победа во трката за место кое води во Лигата на шампионите. Волчицата сега има 58 бодови и е на петтото место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести