Епилог од голеадата на „Енфилд“: Ливерпул конечно победи, четврти пораз по ред за Тотенхем (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул после пауза од две кола им се вратија на победите во Премиер лигата, но се чини доцна се разбудија во битката за титулата, бидејќи „возот“ веќе замина, а Арсенал и Манчестер сити се речиси недостижни.

„Црвените“ попладнево на „Енфилд“ го совладаа Тотенхем со 4-2, иако до 60-тата минута имаа водство од 4-0, но му дозволија на противникот да постигне два гола и да ублажи поразот.

Головите за Ливерпул беа дело на Салах, Робертсон, Гакпо и Елиот, додека за Тотенхем прецизни беа Ричарлисон и Хеунг-мин.

Ливерпул останува на третата позиција со 78 поени, четири помалку од Манчестер сити и натпревар повеќе и пет поени помалку од лидерот Арсенал на две кола до крајот од Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести