• петок, 26 април 2024

Меѓународни авиокомпании откажуваат летови до и од Израел

Меѓународни авиокомпании откажуваат летови до и од Израел

Берлин, 19 април 2024 (МИА)  -  Меѓународни авиокомпании ги откажаа летовите кон и од Тел Авив, неколку часа по извештаите за израелски напад врз иранска воздушна база.

KLM, Swiss Air, Austrian Airlines и Lufthansa ги откажаа денешните летови до и од Израел,  јавија израелските медиуми.

Распоредот на летовите беше нарушен во текот на минатата недела бидејќи авиокомпаниите реагираа на нападот со беспилотни летала и ракети од Иран врз Израел во саботата. зш/

Остани поврзан