Breaking News

Најстудено утрово во Лазарополе


Најниска температура утрово е измерена во Лазарополе од 3 степени Целзиусови.


Следат Берово и Попова Шапка со 5 степени, 6 во Претор, 7 во Крива Паланка и Охрид, 8 Тетово, Маврови Анови, Битола, Демир Капија, 9 Скопје-Петровец, Прилеп, Гевгелија, Велес, 10 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Куманово, Крушево, Дојран, Кавадарци и 11 степени во Виница.


Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец.


Кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината ќе има краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 27 степени. вг/Фото: МИА Архива   .

Извор: МИА