ТЕРА

REKLAMA???

ТЕНЗИЧНА СЕДНИЦА НА БИТОЛСКИОТ СОВЕТ, НАВРЕДИТЕ НЕ ИЗОСТАНАА

На денешната седницата на Советот на Општина Битола имаше пет точки предвидени за дневниот ред. Првата точка е кварталниот извештај за извршувањето на буџетот за четвртиот квартал од ланската година. Втората точка е завршната сметка на општината за 2023, а третата е годишниот извештај на општина Битола за 2023 година.

Пред усвојувањето на дневниот ред ВМРО ДПМНЕ побара дополнување со неколку точки, меѓу кои се и велосипедските патеки и Парк.

Претседателката Иливска рече дека пред месец дена почнале да се шират евтини приказни од страна на Коњановски и координаторот на ВМРО ДПМНЕ Бојовски дека нема да ја гласаат завршната сметка и дека утре да има избори се подготвени да одат на избори и да освојат повеќе од 16 советници и да можат самите да владеат со градот.

Во своето обраќање градоначалникот Коњановски се осврна на два моменти, што ако не се усвои завршната сметка и што ако се усвои.

Потоа се гласаше за дневниот ред. Предлогот за велоспидедските патеки да се најдат на дневен ред не беше усвоен. За оваа точка мнозинството беше воздржано, па се побара поединечно гласање. И на него резултати беше 18 воздржани.

Почна расправата за кварталниот извештај за извршувањето на буџетот за четвртиот квартал од ланската година.

Илиевски рече дека легитимно право е да гласаат за завршната сметка оти ланската година со ребалансите на буџетото биле прифатени и нивни проекти кои ги ветуваа за изборите.

Бојкоски рече дека пизмата која ја имале требало да ја тргнат настана и нешто да се сработи за Битола, а не да се чека од Скопје.

Пред почетокот на седницата градоначалникот Коњановски на советничките им го честиташе утрешниот 8 март денот на жената. И советниците Николовски и Корлевски од СДСМ на своите колешки им го честитаат празникот.