На вооружените сили на Украина во Бердичи им се заканува опкружување по неодамнешната загуба на Новобахмутовка и Соловиев, а според некои воени блогери се очекува повлекување до 15 километри на запад.
Ним им се заканува загуба и на Нетајлов, Карловка, Умански, Новокалинов, Керамик, Архангелски…
По падот на Авдијивка во февруари, Украина одржа линија на одбрана во близина на Бердичи. За време на безмилосните борби во претходните два и пол месеци на тој дел од линијата на фронтот, беа изгубени и неколку американски тенкови Абрамс, обидувајќи се да го запрат напредувањето на руските трупи.
Воениот блогер Рибар наведува дека руските војници напредуваат и кај Новокалинов.
- Напаѓачките групи ја пробија одбраната на украинските формации во центарот на селото во правец на Керамик. Во моментов се зајакнуваат позициите во центарот на селото. Имајќи го предвид налетот од Очеретин во правец на Архангелск, не може да се исклучи дека во блиска иднина вооружените сили на Русија ќе можат целосно да го окупираат Керамик – вели Рибар.
- ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 20 МАЈ 2024: Упорноста на Овенот се исплати, на Бикот му требаат сигурни соработници, на Близнаците опуштени, Ракот инвестираОВЕНБизнис: Доколку сте упорни, во следните три дена ќе остварите деловен […]
- Гувернерот на Харковската област: Украина контролира околу 60 отсто од градот ВовчанскУкраинските власти денеска објавија дека се уште контролираат околу 60 […]
- Раиси беше вистински пријател на РусијаРускиот претседател Владимир Путин денеска […]
- ДАЛИ СЕ БЕШЕ НЕСРЕЌА? Еве кого може Иран да обвини за трагедијата во која загина претседателот РаисиПогледот на снимката од падот на хеликоптерот на иранскиот претседател […]
- (Фото) Внимавајте! Владата нема испратено пораки за надомест, граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не внесуваат лични податоци на веб странатаЈа информираме јавноста дека Владата на Република Северна Македонија НЕМА […]
Според него, Русите успеале да ги истуркаат противниците од Семјоновка.
- Остатоците од пешадијата на вооружените сили на Украина под оган на артилерија и беспилотни летала се повлекоа од северната периферија на селото на запад кон Новопокровски. Под контрола на вооружените сили на Русија делумно беа и шумските појаси кај Семјоновка. Борбите во моментов се водат на најзападната периферија на Бердици. Малку е веројатно дека непријателот ќе може долго да држи позиции поради неговото повлекување од Семјоновка. Следната линија на напад на Вооружените сили на Русија најверојатно ќе бидат шумските појаси на делницата Новопокровско – Новоселовка Перваја каде што сега украинските формации динамично градат одбрана – вели Рибар.
Украинскиот телеграм канал DeepState потврди дека руските војници ги зазеле Семјоновка и Соловиев и дека се водат борби за Керамик.
Инаку, Украина покрена истрага против бригадата која без наредба се повлече од позицијата кај Очетерин!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.