• среда, 02 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Домен Превц постави светски рекорд во ски скокови

Домен Превц постави светски рекорд во ски скокови

Ратече, 30 март 2025 (МИА) - На последната етапа од Светскиот куп за сезоната 2024/25, словенечкиот ски-скокач Домен Превц постави нов светски рекорд.

Домашниот натпреварувач на Планица во денешниот натпревар во вториот обид прелета 254,5 метри и го собори рекордот на Австриецот Стефан Крафт, поставен во 2017 година во Норвешка (253,5 метри).

Превц на крајот го зазеде второто место со 475 бодови, зад неговиот сонародник Анже Ланишек, кој победи со 482,1 (скокови 247,5 и 241,5 метри).

Кристалниот глобус го освои Австриецот Даниел Цофениг кој денес го освои 4. место.

Во средината на март светскиот рекорд за жени го постави Словенката Ника Превц, сестра на Домен Превц. Таа неодамна стана двократна светска шампионка. 

Нивниот постар брат Петер Превц, олимпискиот шампион во 2022 година, објави дека се пензионира во 2024 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан