Пошта има 15 подружници и 15 директори, а сѐ помалку работници, тврди Синдикатот

„Пошта на Северна Македонија“ е доведена до работ на опстојување, а со самото тоа доведени се во прашање и работните места на над 2 000 работници. Ова денеска на прес-конференција пред Владата, го соопшти Синдикатот на Македонска пошта, со што искажа загриженост за сериозноста на состојбите во оваа институција.

По протестот кој се одржал минатиот месец, Синдикатот побарал итна средба со Управниот одбор на „Пошта на Северна Македонија“, со цел преку социјален дијалог, како што велат, да се отпочне со реализација на барањата на работниците, односно со реформите кои, додаваат, се неопходни за стабилизација на друштвото.

Но, Управниот одбор, како што рече синдикалниот лидер Боро Велигденов, не се одзвал на состанокот, неговите членови не присуствувале и со тоа, како што посочи, се нарушиле принципите на водење на преговори.

„Од тие причини бевме приморани да испратиме барање до Владата, која е основач и сопственик на друштвото, со цел да седнеме и да ги дискусираме да ги отпочнеме процесите на реформирање на друштвото, кои се неопходни, бидејќи состојбите се сериозни. Но, ниту од Владата не добивме потврден одговор за одржување на состанок. Со само тоа, ние вработените на Македонска пошта сме оставени сами на себе да се бориме за спас на ова друштво и за зачувување на нашите работни места“, рече Велигденов.

Во Македонска пошта има два синдиката, посочува тој, а во активносите што ги планираат нема да учествува другиот репрезентативен Синдикат, чие раковоство по протестот донело таква одлука.

„Тема на реформите е изготвување на нова систематизација за која Управниот одбор пред повеќе од година има изговено заклучок и формирало итна комисија. Таа комисија не е отпочната со работа. Систематизацијата е дел од спогодбата потпишана пред две и пол години за време на генералниот штрајк. Ние, како Синдикат веднаш отпочнуваме со изготвување на систематизација, во кое ќе бидат вклучени сите вработени. Ќе ангажираме и експерти. Целта е после изборите на која било избрана Влада да и се приложи таа нова систематизација, со цел Македонска пошпта да почне со реформи, реоранизирање и стабилизација на друштвото“, рече синдикалниот лидер на Македонски пошти.

Синдикатот на Македонска пошта бара средба со Владата за решавање на проблемите, во спротивно ќе организира протести и штрајкови

Според него, и финасиската состојба на Македонска пошта е алармантна, доведени се во финасиска криза, а старавуваат и дали ќе имаат редовна исплата на плати во наредниот период.

„Вчера земавме плата, но имаме неипслатена плата на над 200 поштари на договор на дело“, рече тој.

На Синдикатот, како што вели Велигденов му е важно да не се продолжи со лошата кадровска политика, со партизацијата што со години се провлекува и која според него, ја довела Македонска пошта до работ на опстојување.

„Клучен проблем е токму систематизацијата. Со постоечката систематизација, а веруваме дека таква организација во работењењето нема во ниту една инстутуција, туку само Македонска пошта. Имаме 15 подружници, 15 директори, седум члена на Управен одбор, шефовски места, раководни позиции, советници, стручни соработници, а се помалку работници во технолошкиот процес“, вели тој.

Според него, целта е да се изготви систематизација согласно потребите на друштвото на пазарот, како и да се стави огромен акцент на технолошкиот процес и на обработка на пратките.

„Со тоа, ќе се надминат сите аномалии и проблеми во работењето и че се позиционираме на пазарот, односно ќе ја вратиме Македонска пошта на граѓаните со редовна и навремена достава на пратки. Има работници кои не доаѓаат на работа, има работници кои доаѓаат, а не знаат кои им се работните места. Затоа е таа нова систематизација, да ја поттикнеме продуктивноста во работењето, а со самото тоа и ќе ги зголемиме приходите и ќе можеме самостојно да функционираме како друштво“, вели Велигденов.

Поради распишаните избори, во тек се консултации со членството, како што рече Велигденов, за да одлучат како ќе настатапат за организарање на протест или штрајк. Во моментот, вели тој дека се информираат вработените за поголемо учество во натамошните активности, според него, во насока на заштита на работничките права.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави