Србија го победи Кипар во историскиот меч на Душан Тадиќ

Фудбалската репрезентација на Србија забележа победа над Кипар со 1-0 во пријателски меч на кој единствениот погодок беше дело на Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Александар Митровиќ не успеа да реализира пенал на овој натпревар откако голманот на Кипар го одбрани неговиот удар, но овој меч вечно ќе го памети еден друг фудбалер.

Душан Тадиќ влезе во историјата на српскиот фудбал бидејќи вечерва го одигра 106-тиот натпревар за селекцијата на Србија и сега е осамен на врвот по бројот на настапи откако го мина Бранислав Ивановиќ.

- Оглас -

Најнови вести