Тошковски: Лицата кои наполниле 18 години и немаат лична карта утре ќе можат да се фотографираат без термин

Тошковски: Лицата кои наполниле 18 години и немаат лична карта утре ќе можат да се фотографираат без термин

Оние кои непосредно пред овие избори наполниле 18 години ќе можат да го остварат своето право на глас. Тазе полнолетните, кои немаат важечки лични документи, утре имаат можност да се сликаат надвор од редовната постапка и со предност, во сите пунктови низ земјава. Министерот за внатрешни работи Тошковски, вели дека такви се околу 500на граѓани, додека пак оние кои веќе чекаат да им се издадат нови документи, ќе може да гласаат и со старите.

  • Секој еден од нашиве млади граѓани кои што наполниле 18 години или ќе наполнат 18 години во овој временски период, ќе може да дојде да се фотографира за да обезбеди лична карта која што ќе биде изготвена за разумен временски период за да може да се легитимира во рамки на избирачките места и да си го оствари своето право на глас. Оваа бројка на млади граѓани не е огромна, може да се сработи за еден ден од аспект на печатење. — Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи.

За безбедноста на изборниот процес, Тошковски вели дека не е загрижен, но стравува за легитимноста на изборите во северо-истокот од земјата, бидејќи Владата спротивно на закон, не му дозволи да избере началник на СВР Тетово, а само еден месец пред тој да стапи на функцијата, за овој регион е избрано трето лице.

  • Владата оценила дека само СВР Тетово не треба да има соодветен легитимитет кој што би требало да ја пренасочи одговорноста од аспект на гаранција за спроведување на фер и демократски избори, преведено би значело дека јас треба да поставам началник на СВР Тетово, дополнителниот министер да постави на началник на СВР – Тетово и притоа ние да гарантираме од аспект на законска предвидливост и законска одговорност. — Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи.

Тошковски вели дека ова фрла сомнеж врз изборниот процес на територија на Тетово и Гостивар.

Додека пак за фотографиите кои се појавија во јавноста, а на кој се гледаат полициски службеници сликани заедно со политичари од полошкиот регион, министерот потсетува на законот, со кој се забранува полициски припадници да се дел од политички партии.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста