Премиерот Христијан Мицкоски ќе ја одржи прес-конференција за да се осврне на ужасната трагедија што ја потресе државата. Во рамките на неговото обраќање, се очекува да ги објави најновите детали за несреќата, како и поддршката што ќе ја овозможи Владата на семејствата на загинатите и повредените во пожарот кој се случи во дискотеката во Кочани. Во катастрофалниот пожар што изби во забавниот објект „Пулс“ во Кочани, животот го загубија 59 луѓе, а повредени се над 100.
The post Мицкоски со обраќање – Фокус appeared first on 365.mk.