Кејт Мидлтон се врати на социјалните мрежи: Принцезата сподели емотивна објава, прва откако откри дека има рак

Британската принцеза Кетрин (42) за првпат се огласи на социјалните мрежи по објавата дека ѝ е дијагностициран рак.

Таа се осврна на неодамнешните напади во Австралија. Да потсетиме, 40-годишен маж избоде до смрт шест лица во трговски центар во Сиднеј за време на викендот. Од шестмината убиени, пет се жени. Подоцна, беше нападнат и епископ во црква во Сиднеј.

„Шокирани сме и тажни од ужасните настани во Сиднеј. Нашите мисли се со најблиските на оние кои починаа, оние кои беа погодени од оваа ситуација и хероите на службите за итни случаи кои ги ризикуваа своите животи за да спасат други“, се вели во соопштението, потпишано од принцезата од Велс и принцот Вилијам.

Како потсетување, принцезата Кетрин пред еден месец откри дека ѝ бил дијагностициран рак по операцијата на стомакот која ѝ беше направена во јануари. Во емотивното видео, таа сподели дека прима хемотерапија како превентивна метода за спречување на ширење на болеста.

„Во јануари, ми беше направена голема операција на стомакот во Лондон и во тоа време се сметаше дека мојата состојба не е канцерогена. Операцијата беше успешна. Сепак, тестовите по операцијата покажаа дека има присуство на рак. Затоа, мојот медицински тим ме советуваше да поминам низ рунда превентивна хемотерапија и сега сум во раните фази на тој третман“, изјави 42-годишната припадничка на британското кралско семејство

Back to top button
Close