Биографот на кралицата Елизабета Втора тврди дека боледувала од ретка болест

72

Британската кралица Елизабета се бореше со ракот во последните неколку месеци од својот живот, тврди еден од најдобрите пријатели на нејзиниот сопруг, принцот Филип, Глис Брандрехт, во својата нова книга „Елизабета: Интимен портрет“.

Како што напиша во својата биографија, се работи за ретка форма на рак на коските.

Тој исто така наведе дека кралицата имала периоди кога се чувствувала многу слаба, но сепак била решена да продолжи со своите должности по смртта на принцот Филип во април минатата година.

Кралицата Елизабета Втора почина на 8 септември во замокот Балморал во Шкотска.

Кралицата беше погребана во капелата Свети Џорџ во Виндзор, каде почива покрај нејзиниот сопруг принцот Филип и нејзините родители. Како официјалната причина за смртта е наведена „старост“.