(ФОТО) „ИМ СЕ ОБРАЌАМ НА СИТЕ ДЕВОЈКИ“ Шокантна слика на учесничка на „Задруга“ откако ги извадила силиконите од усните: „Зарем тоа ти било во устата?“

Учесничката на реалното шоу „Задруга“ Сања Грујиќ го извади биополимерот од усните, а сега со своите следбеници сподели дел од болниот процес по интервенцијата.

-Им се обраќам на сите девојки кои сакаа да го споделам моето искуство со нив. Ова е мојата прва фотографија веднаш по екстракцијата на биополимерот. Во следните седум дена додека не се отстранат конците, секој ден ќе го споделувам моето искуство со вас. Без оток, без болка, без обезличување – напиша Сања , а потоа објави слики од отстранетиот биополимер, како и од нејзините усни.

По овие нејзини слики, луѓето масовно коментираа.

„Сега си многу поубава“; „Не ти требаа силикони“, „Уф, ова беше тоа во твоите усни?“, беа само некои од нив.

Како Сања реши да ги отстрани силиконите

– Решив да ја намалам устата и да ги зголемам градите, тоа ќе биде следниот чекор – низ смеа рекла Сања.

Нејзиното момче Марко е постојано со неа.

– Устата и е убава и мислам дека не го прави тоа затоа што сака, туку затоа што добива многу коментари. Не ми се допаѓа тоа што ќе го прави, но мислам дека ќе биде посреќна. Не бев за оваа промена, искрено – изјавил тогаш Марко за Блиц.