Поврзете се со нас

Свет

Поповски промаши само еднаш, Цирих со победа го стартуваше четвртфиналето во Швајцарија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/GCAmicitia

Амичитија Цирих на Мартин Поповски оствари победа над Сент Гален од 33:25 во првиот натпревар од четвртфиналната серија во Швајцарија.

Домаќините важеа за фаворити во ова соочување и тој статус го потврдија со играта на теренот каде го надиграа противникот во двете полувремиња. Цирих имаше водство од три разлика по 30 минути игра (14:11), предност која дополнително ја зголеми во второто полувреме за потврда на триумфот.

Македонското крило Поповски имаше уште еден добар натпревар со четири гола од пет обиди.

Наредната средба се игра на теренот на Сент Гален.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни