ТЕРА

REKLAMA???

БРАЌАТА РУСТЕМОВСКИ ВО ФИНАЛНИТЕ БОРБИ НА „ЗЛАТНИОТ ГОНГ“

Со финалните натпревари, денеска во Скопје ќе заврши новото издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“. Вчера на програмата беа сите полуфиналиња, по кои Македонија во финалните дуели ќе има петмина претставници.

Во категоријата до 57 килограми, битолчанецот Ален Рустемовски ќе боксува со Луар Алиу од Косово, во категоријата до 60 килограми неговиот брат Ружди Рустемовски ќе се сретне со Аксел Хегарти од Велс, во категоријата до 63,5 килограми Ник Николов ќе боксуа со Дмитрос Николау од Грција, во категоријата до 67 килограми Алим Насуфи за противник ќе го има Кирил Глобенко од Полска, додека во категоријата над 92 килограми Ардијан Аземи ќе се сретне со Јордан Хернандез од Бугарија.