Breaking News

Поднесено обвинение против поранешниот хрватски министер Баножиќ


Обвинителството во Винковци денеска поднесе обвинителен акт против поранешниот хрватски министер, Марио Баножиќ (45), неполни пет месеци по покренувањето на истрагата и речиси половина година од сообраќајната несреќа во која животот го загуби Горан Шариќ на 11 ноември минатата година.


Според Јутарњи лист, обвинетиот Баножиќ бил во близина на Винковци, а на пат кон ловиштето, возел автомобил Нисан по десната сообраќајна лента, надвор од населеното место од правец на Винковци кон Жупања и постапил спротивно на Законот за безбедност во сообраќајот, наведе обвинителството.


-Обвинетиот се товари дека возел со несоодветна брзина и дека почнал да престигнува група возила, односно преминал на левата страна на улицата наменета за сообраќај од спротивен правец, иако поради маглата била намалена видливоста.

Тој е обвинет дека почнал да престигнува иако сообраќајната лента не била слободна на доволно растојание за да може безбедно да претекнува, имајќи ја предвид брзината на неговото возило и возилото што го престигнувал, се вели во соопштението на обвинителството.


Според извештаите, во текот на истрагата биле сослушани десетина сведоци и извршени неколку вештачења. мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА