Со песна и скара во Сарај, на Водно…   

3960

Осумдесет и петгодишниот Трајан Наковски од Скопје се сеќава како се празнувал Први мај, Меѓународниот ден на трудот, кога бил млад. Тогаш се празнувале и Први и втори мај.

– Први мај се славеше со одење на излет. Се правеше скара, се печеа јагниња, кокошки, прасиња, кој што имаше. Имаше и музика, тапани, зурли. Тогаш сите бевме радосни. Беше прекрасно – опишува Наковски со возбуда. На втори мај, пак, оделе на гости кај роднините и кај пријателите. Тој се сеќава и на парадата во Белград, која се одржувала во поранешна Југославија, на Први мај и на која некогашната ЈНА го презентирала оружјето со кое располагала. Таму секогаш бил присутен маршалот Јосип Броз Тито. Кога имал 18 години, Наковски бил во Белград, каде што ја следел парадата, која секогаш се одржувала на булеварот „Југославија“, пред Собранието

Воени паради, многу работници, музика… Вака некогаш се славел Први мај, Меѓународниот ден на трудот, кој во поранешна Југославија и во СР Македонија, како една од републиките, важеше за еден од најзначајните празници.

Во спомените за старо Скопје, постарите генерации, како празник над празниците, ја помнат прославата на Први мај, Денот на трудот. Работните луѓе од цела Македонија се собирале во главниот град, каде што, на спектакуларен начин, се организирала првомајска парада, на која сите настојувале да го прикажат на најдобар начин она што го работеле и она што го постигнале.

Тоа било време во кое Скопје имало Градска, Руска и Офицерска плажа, време во кое вториот ден се славел во Сарај и на Матка, со пријатели, роднини, во друштво со девојките и момчињата или, пак, едноставно со скопјани. Но, се согласуваат речиси сите што живееле и во тоа време – првомајските излети биле во сенка на парадата, која била најголемото чудо на првомајските празници.

Осумдесет и петгодишниот Трајан Наковски од Скопје се сеќава како се празнувал Први мај кога бил млад.

– Сите граѓани одеа со семејствата, со пријателите и со роднините на излет, пред сè во Сарај. Некои одеа и на Водно. Тоа беше ден за убава дружба. Особено младите беа сите заедно, без разлика на националната припадност – раскажува Наковски.

Тој вели дека тогаш се празнувале и Први и втори мај.

– Први мај се славеше со одење на излет. Се правеше скара, се печеа јагниња, кокошки, прасиња, кој што имаше. Имаше и музика, тапани, зурли. Тогаш сите бевме радосни. Беше прекрасно – опишува Наковски со возбуда.

Тој додава дека на втори мај оделе на гости кај роднините и кај пријателите. Се сеќава и на воената парадата, која, во времето на поранешна Југославија, се одржувала на Први мај, во Белград.

– Бидејќи во тоа време немаше телевизор, парадата се следеше на радио, но кога се појавија за прв пат, се собиравме кај некој што има купено или, пак, во кафеана каде што имаше, за да ја гледаме парадата – потенцира Наковски.

На таа парада, вели тој, некогашната ЈНА го презентирала оружјето со кое располагала, а секогаш бил присутен и маршалот Јосип Броз Тито. Кога имал 18 години, Наковски бил во Белград, каде што ја следел парадата, која секогаш се одржувала на булеварот „Југославија“, пред Собранието.

– Булеварот беше полн со луѓе. Беше неверојатно и убаво – се присетува Наковски.

Тој додава дека никогаш нема да ги заборави тие дружби, бидејќи денес тоа, според него, полека изумира.

– Луѓето станаа завидливи, секој гледа само како да се збогати. За место од еден метар се караат и не сакаат да се видат, ништо не е како порано – констатира Наковски.

Тој сега живее кај рампа во Кисела Вода, на улицата „Драга Стојанова“, а се пензионирал од фабриката „Газела“. Роден е во Свети Николе, Малино, во 1939 година, а живее во Скопје од 1961 година.

Во Македонија, Први мај е државен празник, како и во повеќето земји во светот. Сè до 2006 година, Први мај се празнуваше два дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. Вообичаено, кај нас, овој ден се користи за излет во природа. Речиси секој град има свои традиционални излетнички места, најчесто тоа се зелени прекрасни ливади покрај вода, каде што населението ја пали традиционалната скара и со песна и игра го поминува Денот на трудот.

Слично како и кај нас така и во другите европски држави, овој ден се прославува во природа, покрај логорски оган на кој се подготвува скара или некое друго јадење. Во некои земји во Северна и во Централна Европа, се оди во природа ноќта спроти Први мај (Валпургина ноќ) и се прославува плодноста, при што се пие и пее долго во ноќта, покрај запалени огнови.

(А.П.)