Поврзи се со нас

Македонија

Нов систем со 12 мониторинг станици за мерење радиоактивност во воздухот во Македонија

Објавено

на

Одделението за радијациона заштита при Институтот за jавно здравје е во завршна фаза на имплементирање, тестирање и пуштање во работа на новиот мерен систем за детекција на радиоактивност во воздухот и рано предупредување при нуклеарен или радиолошки настан од локален или глобален карактер.

Овој систем, кои се состои од 12 мерни станици и инструменти, овозможува мониторирање, мерење и брза детекција на радиоктивноста во воздухот во Македонија. „Нашите нови мерни станици за рано известување се инсталирани во Центрите за јавно здравје низ нашата земја и истите се дел од европската мрежа и платформа за размена на радиолошки податоци EURDEP. Резултатите од мерењата за радиоактивноста се видливи и достапни за сите членови на оваа платформа како и за нашето население.“, соопшти ИЈЗ.

Европската база на податоци се состои од механизам за континуирана размена на податоци во реално време, со веб приказ на податоците од радиолошкиот мониторинг на 39-те земји учеснички. На веб-страницата на ИЈЗ достапна е информативната страна EWRMNS-MK од овој национален мониторинг систем каде се прикажуваат податоците од мерењата за 12-те градови во Македонија.

„Очекуваме дека новиот мерен систем ќе биде стабилен и безбеден. Тоа значи дека истиот ќе придонесе за брза реакција при вонредни нуклеарни и радиолошки настани, согласно директивите на МААЕ,  Дирекцијата за радијациона сигурност на РСМ и протоколите за заштита од јонизирачко зрачење и радиоактивност регулирани во нашата земја.“, наведуваат од Институтот и додаваат дека мониторингот и детекцијата е прва, најбрза информација за тоа дали има промени во радиоактивноста во животната средина, со што се овозможува итно преземање на потребни мерки за спречување на прекумерното озрачување на населението во случај на нуклеарна несреќа од глобален или локален карактер.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена