Следете не

Кичево

Дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево, по повод „Велигден“ истакнаа празничен хепенинг

Објавено пред

на

@porta.mk

Денес дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ заедно со родителите и вработените по повод најголемиот христијански празник за прв пат организираа „Велигденски хепенинг“.

Многу радост, среќа и вистинска пред празнична позитивна енергија.

Среќни сме што оваа година за прв пат го организираме Велигденскиот хепенинг, каде дечињата од нашата градинка во соработка со нивните родители истакнаа најразновидни украси, корпи со традиционални Велигденски јајца. Се надеваме дека овој Хепенинг ќе прерасне во традиција за најголемиот христијански празник Велигден. Воедно јас како иницијатор и организатор упатувам благодарност до сите колеги и родители за можноста во целост овој настан да изгледа модерно и успешно, за Порта.мк истакна Ирена Китаноска, вработена во ЈОУДГ „Олга Мицеска“

Галерија од денешниот настан:

Кичево

Добредојде за ПЗУ „Д-р Крсте Трајковски“ – Кичево, нова специјализирана здравствена установа, затоа што вашето здравје е на прво место!

Објавено пред

на

©porta.mk

Добредојде за ПЗУ „Д-р Крсте Трајковски“, приватна здравствена установа која се наоѓа на ул. „Пиринска“ бр. 13 – Кичево. Специјализиран објект со работно време од 08:00 до 16:00ч, за викенд достапни само за итна интервенција. Најсовремените апаратури на ЕКГ, отоскопија и офталмоскопија, нуди соодветна дијагноза и третман на најразлични болести кај пациенти од најмала до најстара возраст.

За себе велат дека особено внимание посветуваат на превенција, дијагноза и третман на болести кај најмладата педијатриска популација, секогаш тука за сите пациенти, реализација на домашни посети за бебиња и постари пациенти кои имаат терминален стадиум на тешки болести.

Д-р Трајковски кој веќе е активен лекар по семејна медицина повеќе од 14 години во Кичево е вистинското решение за вашето здравје, контакт тел: 070/841-914

Во прилог, мал дел фотографии преку нашиот објектив:

Прочитај повеќе...

Кичево

(ВИДЕО+ФОТО) Жива е Македонија! Со песна, оро и дефиле денес кичевските матуранти го завршија средното образование, честитки!

Објавено пред

на

©porta.mk

Кичевските матуранти, генерација 2020-2024 денес со веселба и дефиле го завршија и последниот училишен ден како средношколци. Тие најпрво во дворот на гимназијата со развиорени знамиња заиграа оро и пееја песни, со што ја заокружија четиригодишната дружба од средното образование.

п.с. Забележливо е дека кај младите се враќа трендот на прославување со македонски знамиња, нешто што во изминатите години беше подзаборавено. Секоја чест!

Апел да внимаваат денес на својата и на безбедноста на сите други граѓани, да се памети и оваа година по убави спомени вашата матура!

Видео:

Среќно понатаму, ПортаМК вечерва ви посакува да си поминете најубаво!

Повеќе фотографии ТУКА :

Прочитај повеќе...

Кичево

Вчера во Кичево автомобил удрил во пешаци-малолетнички, по што возачот избегал во непознат правец

Објавено пред

на

На 14.05.2024 во 11.30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на булеварот .„Ослободување“ во Кичево, патничко возило удрило во две малолетнички-пешаци и го напуштило местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила една малолетничка, а другата се здобила со телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево, за Порта.мк извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили3 часа

Реномираниот „Audi“ го зајакнува партнерството со „SAIC“

Audi дополнително ја интензивира соработката со SAIC и SAIC Volkswagen во договорот за соработка. Audi и SAIC одлучија заеднички да...

На денешен ден13 часа

На денешен ден – (21 мај)

1471 година – англискиот крал Хенри Шести, последниот монарх од Ланкастер, соборен во династичка борба („Војна на двете рози“), беше...

Кичево13 часа

Добредојде за ПЗУ „Д-р Крсте Трајковски“ – Кичево, нова специјализирана здравствена установа, затоа што вашето здравје е на прво место!

Добредојде за ПЗУ „Д-р Крсте Трајковски“, приватна здравствена установа која се наоѓа на ул. „Пиринска“ бр. 13 – Кичево. Специјализиран...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за вторник (21 мај)

ОВЕН Денот е идеален за решавање на сите незавршени работи како и за дискусии поврзани со финансиски проблеми со личност...

Македонија16 часа

Пред нас уште еден споен викенд, доаѓа Денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј, ова се останатите неработни денови до крај на годината

Овој петок, односно 24 мај – е Денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј, неработен ден за сите граѓани...

Спорт23 часа

(ФОТО) Антонио Сталески од „ФК Кичево“ прогласен за „играч на турнирот“ во Швајцарија каде за ФК АП. „Брера Струмица“ кичевчани донесоа шампионски пехар!

Од рубриката спорт ја имаме таа чест да споделиме една ексклузивна вест со јавноста дека децата од генерацијата 2009 на...

Спорт1 ден

31-во финале во фудбалскиот Куп на Македонија, Тиквеш и Воска Спорт во битка за својот прв трофеј, истакнат и баражот на натпревари за пополнување на Прва и Втора МФЛ

Влезници за натпреварот може да се купат по цена од 200 денари преку продажната мрежа на МКТickets. Во среда од...

Македонија1 ден

Од ноќеска сите нафтени деривати со намалена цена, ова се новите малопродажни цени

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдени со одлуката за...

Магазин1 ден

Голем редизајн на Google Maps сега се тестира на Android

Големиот редизајн на Google Maps од февруари сега почна повторно да се појавува на некои телефони со Android, со нови...

Магазин1 ден

Ѕирнете во новиот iPad Pro (ВИДЕО)

Се појави видео кое ни дава подобар поглед на компонентите што ги содржи најновиот 13-инчен iPad Pro. Каналот на YouTube,...

НАЈЧИТАНИ