Поврзете се со нас

Светски првенства

Пети се плаши од Англија: Многу се слични со Франција…

Објавено

на

Франција треба успешно да положи уште неколку тестови ако сака да ја одбрани светската титула, а првиот е против Англија со која ќе се соочи во четвртфиналната рунда.

Ова е европска класика, дуел на два големи фудбалски џина и со нетрпение се очекува оваа битка. Емануел Пети е еден од асовите кој добро знае како се освојуваат пехари на оваа сцена, па е загрижен за „триколорите“ пред соочувањето со „гордиот албион“.

-Најмногу се плашам од Англија. Има четири селекции кои се различни за мене, тука се Англија, Бразил, Шпанија и Франција. Тие се тимовите кои покажаа нешто поинаку. Франција не сака да игра против Англија, но ако мора, тогаш ќе направи се што може за да победи.

-Англија по квалитет е многу слична со Франција и ако ги прашате француските фудбалери, тие нема да сакаат да играат против Англија. Герет Саутгејт доби толку многу критики неодамна, но јас имам доверба во него. Англија се подобри и многу е тешко да се освојуваат големи турнири. Не сум сигурен дали Саутгејт сепак ќе биде селектор на Англија по Светското првенство, но време е Англија да поетира и тој ги прави вистинските работи, -порача Пети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни