Пјаниќ откри поради кој трансфер плачел: Срцето ми се скрши…

По повод дерби натпреварот помеѓу Рома и Јувентус во 35. коло во Серија А за медиумите во Италија говореше Мирален Пјаниќ, репрезентативецот на Босна и Херцеговина која во богатата кариера настапуваше и за двата клубови.

Пјаниќ не откри кој е неговиот фаворит за средбата, посака да победи подобриот, а единствено што откри е како се чувствувал по трансферот во 2016 година од Рома во Јувентус.

„Плачев. Срцето ми се скрши кога ја напуштив Рома. Но, во Јувентус исто така поминав убави години, така да и овој клуб го носам во срцето“, порача Пјаниќ.

Се вчитува...