Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тухел со интересна најава за полуфиналето: Нема да играме само против Анчелоти и неговиот тим…….

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен има потпросечна сезона за свои стандарди во Германија и за првпат после 11 години остана без трофејот во Бундеслигата, па затоа амбициите се уште поголеми во натпреварување како Лигата на шампиони.

Баварците имаат единствена шанса да ја завршат сезоната со титула ако стигнат до крајот во најелитното европско натпреварување, но за да направат такво нешто, ќе треба да го победат најуспешниот клуб во историјата на Европа.

Реал Мадрид како 14-кратен европски шампион стои на патот на Баерн Минхен во полуфиналето, а првиот меч се игра утре на „Алијанц арена“.

– Играме два натпревари против Реал, но сега мислиме само на првиот. Мора да бидеме слободни и да не мислиме премногу на реваншот. На првиот меч можат да се случат толку многу нешта, а потребна ќе ни ибде и среќа за да елиминираме моќен тим како Реал Мадрид.

– Играме против Анчелоти и неговиот тим, ако зборуваме само за искуство, тука не можам никако да се носам со него. Карло е фудаблска легенда, многу и даде на оваа игра. Исто така, тој е вистински џентлмен и пример за останатите. Секогаш покажува почит и е господин од глава до пети. Сепак, утре нема да играме само против Анчелоти и неговиот тим, ќе играме и против дресот и митот Реал Мадрид. Митот Реал има тежина во Европа и затоа треба да бидеме најдобри за да имаме шанси на теренот, – изјави Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни