Зидан го одби Баерн Минхен, клубот се врти кон Тен Хаг!?

Зинедин Зидан ја одби понудата од Баерн Минхен за преземање на клубот во јуни, по крајот на соработката со Томас Тухел.

Клубот од Минхен досега го одбија Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман и Ралф Рангник, а вчера тоа го соопшти и Зинедин Зидан кој присуствуваше на трката за Големата награда на Мајами во Ф1 шампионатот.

На директно прашање на новинар дали ќе го преземе Баерн Минхен, Зидан одговори:

„Не. Но, ќе го гледам нивниот натпревар со Реал Мадрид“.

Реал и Баерн во среда во Мадрид ќе го играат реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите. Првиот меч во Минхен заврши без победник, 2-2.

„Се надевам дека Реал ќе победи, но тоа ќе биде тежок, комплициран меч“ – дополни Зидан.

Но, како што пренесуваат германските медиуми, од Баерн Минхен сега се вртат кон актуелниот стратег на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг. Веќе стапиле во контакт со менаџерите на холандскиот стручњак, реализирани се првични разговори, а деталните преговори се очекуваат по полуфиналето на тимот во ЛШ.

Инаку, Тен Хаг во својата кариера беше две години тренер на вториот тим на Баерн Минхен.

Се вчитува...