Сопствениците на Филаделфија купуваат влезници само за да не паднат во рацете на фанови на Њујорк

Сопствениците на Филаделфија сиксерс се одлучија за очајнички потег пред шестиот натпревар во плејоф-серијата против Њујорк никс, купија 2000 влезници за мечот на кој нивиот тим ќе биде домаќин.

„Купивме 2.000 влезници за шестиот натпревар во серијата. Апсолутно не смееме да дозволиме навивачите на Њујорк да ја „преземат“ нашата арена“, објави на Икс, еден од сопствениците на Филаделфија сиксерс, Мајкл Рубин.

 

Њујорк води со 3-2 во победи, а на последниот меч кој се играше во Филаделфија, имаше голем број фанови на Никс постојано извикуваа „МВП, МПВ“ кога Џејлен Брансон ќе ја имаше топката во своите раце.

Минатата сезона за признанието за МВП го доби центарот на Филаделдија, Џоел Ембид.

- Оглас -

Најнови вести