Захарова: Воените вежби на НАТО во Финска се провокативни и вршат притисок врз Москва

од Симе Стоиков

Воените вежби на НАТО на територијата на Финска, во близина на руската граница, се од провокативен карактер и имаат за цел да извршат притисок врз Русија, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Воените вежби на НАТО во близина на руските граници се провокативни. Нивната цел е да извршат воен притисок врз Руската Федерација преку демонстрација на сила“, објави Захарова, додавајќи дека таквите операции го зголемуваат ризикот од воени инциденти.

Претставниците на НАТО намерно ја разгоруваат хистеријата околу наводната руска закана и активно шират инсинуации за некои од плановите на Русија да ги нападне земјите-членки на блокот со цел да ги оправдаат сопствените агресивни намери, рече портпаролката.

Захарова истакна дека обуката на територијата на Финска е „дел од хибридната војна“ против Русија и дека Алијансата воено ја искористува оваа скандинавска земја, пренесува ТАСС.

„Без сомнение, ќе бидат преземени сите неопходни политички и воено-технички мерки за да се неутрализираат заканите за одбранбената способност на нашата земја“, предупреди портпаролката, нагласувајќи дека Москва внимателно ги следи дејствата на Западот.

Слични содржини