Герасимов: Русија шири пропаганда на страв во Молдавија во врска со нашата европска иднина

од Nikola Popovski

„Пропагандата на Руската федерација и дезинформациите за нашата европска иднина е силна. Користат социјални медиуми за да ги прошират овие пораки на страв и несигурност за нашата безбедност како држава и за мирот во Молдавија“, рече молдавската вицепремиерка Кристина Герасимов на прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Таа додаде дека ова не е ништо ново и дека овие пораки и наративи биле присутни и во минатото, но не успеваат да ја нарушат европската агенда на Молдавија.

„Граѓаните на Молдавија знаат дека ЕУ е проект за мир, тоа е простор каде што има цврсто почитување на човековите права, демократијата, владеењето на правото и тоа се вредностите што ги споделвуа секој граѓанин на нашата држава“, кажа Герасимов.

Слични содржини