Од понеделник учениците се на пролетен распуст во Македонија, наставата продолжува на 7 мај

Основците и средношколците во Македонија ќе бидат на пролетен распуст од понеделник (29 април) до 6 мај.

За првпат има промена во наставниот календар, така што 2023/2024 година ќе заврши на 17 јуни за основците, додека за средношколците, како и изминатите години, на 10 јуни.

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржи вториот круг од претседателските и парламентарните избори во 2024 година.

На 7 мај оние училишта во кои ќе се организира изборното гласање ќе имаат намален распоред и работно време до 11:00 часот.