Ако загуби, шампионот Денвер ќе биде пред испаѓање, а квотите не му се наклонети

Актуелниот НБА-првак Денвер нагетс е пред тешка мисија на гостувањето кај Минесота тимбервулфс бидејќи ќе мора да брка победа. Минесота направи изненадување и славеше на првите две средби, и тоа на гостински терен, па сега пред своите навивачи има голема шанса да стигне до 3:0 во победи и да биде на еден чекор од пласман во конференциското финале.

За разлика од Денвер, кој мора да брка победа на гости, Њујорк многу покомотно патува на теренот на Индијана. Никси водат со 2:0 благодарение на победите пред своја публика, но сега е ред Индијана да покаже дека има квалитет и да покаже дека нема да се предаде без борба.

За овие два возбудливи дуела има и одлична понуда поврзана за кошаркарите кои ќе бидат на теренот. Тука се игрите за „плус-минус“ за бројот на поени, скокови, асистенции и вкупниот збир на сите три категории.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести