Денвер победија во ЛА, Кари со тројки ја затрупа Индијана

Кошаркарите на Денвер славеа победа над Лејкерси во Лос Анџелес, во ноќта посветена на Коби Брајант. Стеф Кари со тројки ја затрупа Индијана, а Лука Дончиќ го предводеше Далас до победа во дуелот со ослабените Њујорк Никс.

Актуелните шампиони, Денвер Нагетс, славеа победа над Лејкерси 114:106.

Јокиќ блесна во вечерта посветена на покојниот Коби Брајант, на кого Лејкерси три часа пред мечот пред својата Арена открија бронзена статуа.

Србинот натпреварот го заврши со 24 поени, со 13 скока и 9 асистенции. Во тимот на Денвер најефикасни беа Џамал Мареј и Мајкл Портер со 29, односно 27 поени.

Ентони Дејвис постигна 32 поени, Леброн Џејмс имаше 25. а Остин Ривс постигна 15 поени и 10 асистенции.

Голден стејт Ворирос ја декласираа Индијана со 131:109. Стеф Кари постигна 42 поени, погоди 11 тројки од 16 обиди. Ова е петти меч сезонава во кој Кари постигна најмалку 40 поени.

Вориорс ја запишаа петтат победа на последните шест натпревари.

Далас во Њујорк го искористи неиграњето на Џулиус Рендл и Џејлен Брансон и славеше победа 122:108.

Лука Дончиќ натпреварот го заврши со 39 поени, осум скока и 11 асистенции. Во редовите на Њујорк уште еден одличен меч одигра ДОнте Дивиченцо, постигна 36 поени.

Резултати:

Индијана – Голден Стејт 109:131
Орландо – Сан Антонио 127:111
Бруклин – Кливленд 95:118
Њујорк – Далас 108:122
Мемфис – Чикаго 110:118
Милвоки – Минесота 105:129
Феникс – Јута 129:115
ЛА Лејкерс – Денвер 106:114
Портланд – Детроит 122:128

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО