Зеленски: Буџетот на Украина не е доволен за војската

од Nikola Popovski
66 прегледи

Буџетот на Украина не е доволен за финансирање на потребите на украинските вооружени сили, затоа Киев смета на поддршката од Европа, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски во интервју за американскиот магазин „Тајм“.

„Ако има прекин на огнот, некаква пауза, до кога ќе може да издржи армијата? Но, им треба одмор, ротација, резерви и плати. Тоа е вистински проблем, мислам, бидејќи армијата отсекогаш била помала отколку што е сега. И кога армијата е три пати поголема отколку што беше, треба да се финансира. Буџетот на Украина нема да биде доволен“, рече тој.

Според него, треба да има посебни програми за доделување средства за украинската армија.

„Европа треба да ги финансира. Идеално – Европа и Америка. Но, во сегашните околности, повеќе би се потпирал на Европа“, нагласил Зеленски.

Тој додал дека не верува во понижувачки мир за Украина, но не го исклучи целосно.

„Ако следната фаза е принуден, понижувачки мир, ако Украина… остане сама и ако нашите партнери поради некоја причина не се наши партнери, тогаш Украина ќе падне во депресија… Не верувам дека тоа ќе се случи. Тоа би било предавство од нашите партнери. И мислам дека шансите за тоа се практично нула“, оцени Зеленски.

Како што претходно изјави американскиот државен секретар Марко Рубио, Вашингтон разговарал за територијални отстапки за време на преговорите со украинската страна.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека целта за решавање на конфликтот во Украина не треба да биде краток прекин на огнот и одмор за прегрупирање на силите и повторно вооружување со цел последователно продолжување на конфликтот, туку долгорочен мир.

Слични содржини