Утрински Весник
Македонија

(Видео) Кој од раководството на ВМРО-ДПМНЕ се среќавал со Пендаровски во неговиот кабинет?

Pendarovskinegotino.jpg
300x250 (7)

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа одговори на прозивките на ВМРО-ДПМНЕ дека тој се среќавал со одредени политичари за да се најде начин за некаква амнестија. 

Пендаровски побара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да приложи барем еден доказ дека тој се среќавал со одредени политичари на тема амнестија, но во својот одговор, кандидатот за претседател и актуелен претседател најави нови, до сега необјавени детали за тоа кој сѐ од ВМРО-ДПМНЕ бил во неговиот кабинет.

Ss1

„Тајни средби кај мене немало, меѓутоа, ако приложи доказ во таа смисла, а јас ви тврдам дека такво нешто не постои, јас тогаш можам него да го прашам дали го интересира кој сѐ барал прием кај мене. Да му кажам датуми, имиња и презимиња. Затоа што станува збор за неговите најблиски соработници од Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, можам да кажам и што барале од мене“.

Пендаровски додаде дека тоа се случило пред две и пол години а дел од тие функционери на ВМРО-ДПМНЕ денес се на високи позиции на листите за пратеници.

„Најблиските негови соработници пред две и пол години бараа прием од мене, беа примени и јас ќе му кажам што точно разговаравме“ порача Пендаровски. 

Периодот од пред две и пол години во државата освен што се случија локални избори, каде ВМРО-ДПМНЕ победи со најголем број на освоени општини, немаше некои посериозни политички турбуленции, па сега за сега останува непознаница која била причината функционери на ВМРО-ДПМНЕ да бараат прием кај претседателот на државата.

До овој момент ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Мицкоски се немаат огласено за наводите на Пендаровски, а како што се доближува изборниот ден и како што се засилува реториката, не е исклучено Пендаровски да излезе и со сите имиња и презимиња на функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои барале и добиле прием кај него.

Ss1

Можете да прочитате

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници исто така ќе ни врне и ќе ни биде посвежо времето

Мицкоски: Сега следната наша цел повторно историска е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во македонскиот Парламент