Регион
Бугарско МНР: РСМ со денешните постапки им задава сериозен удар на билатералните односи
Неприфатливо е однесувањето на властите во Република Македонија кон бугарските граѓани на денешниот 4 февруари, тие сериозно го нарушија процесот на враќање на довербата меѓу двете земји, се наведува во ставот на бугарското МНР.
Оттаму велат дела Република Бугарија во периодот по 1991 година, постојано демонстрирала искрена желба за развивање добрососедски односи со Македонија. Како и дека по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка во 2017 година, се воспостави практика за заедничко славење на историските личности од нашата заедничка историја, како што е Георги (Гоце) Николов Делчев.
„За жал, прославата на 151-годишнината од неговото раѓање не придонесе за надградба на билатералните односи меѓу Софија и Скопје. Со длабоко жалење забележуваме дека 4 февруари 2023 година ќе влезе во историјата како датум кога властите во Северна Македонија од крајно неубедливи причини и кршејќи ги претходно дадените гаранции не им дозволија на бугарските граѓани да му оддадат почит на Делчев. Министерството за надворешни работи денешниот однос на властите во Северна Македонија го дефинира како понижувачки и неприфатлив кон бугарскиот народ и Република Бугарија“, нагласуваат од бугарското МНР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка
Вишото јавно обвинителство во Заечар му предложило на судот продолжување на притворот на Срѓан Ј. и Дејан Д., осомничени за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ за уште 30 дена.
Осомничените се во притвор од 6 април поради ризик од бегство, можност за влијание врз сведоци и уништување или отстранување на трагите на делото, како и вознемирување на јавноста.
Во притвор е и таткото на Дејан Д. под сомнение дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето.
Полицијата по 10-дневна потрага и детална проверка на сите трагови и информации, ги уапси С.Ј и Д.Д. за кои се сомнева дека девојчето го удриле со автомобил а пото нејзиното тело го ставиле во багажникот на колата и го однеле на депонија.
Телото на девојчето кое исчезна на 26 март во Бањско Поље кај Бор се уште не е пронајдено.
Регион
Црна Гора воведува седумчасовно работно време
Министерката за труд и социјална грижа на Црна Гора, Наида Нишиќ, најави дека до крајот на годинава граѓаните можат да очекуваат воведување седумчасовно работно време.
-Она што го најави премиерот Милојко Спајиќ во предизборната кампања ќе се случи во текот на оваа година, рече Нишиќ во емисијата „Линк” на Радио Црна Гора.
Таа додаде дека социјалните давачки во иднина ќе бидат поправични.
Регион
Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината
Министерката за труд и социјална заштита на Црна Гора, Наида Нишиќ, денеска најави дека до крајот на годинава во Црна Гора може да се очекува воведување седумчасовно работно време.
Таа за „Радио Црна Гора“ изјави дека социјалните бенефиции во иднина ќе бидат поправедни, како и дека нема да има укинување на Фондот на ПИО, туку дека ќе се реформира, пренесува РТЦГ.
Нишиќ рече дека сите анализи покажале дека најголемата неправда им е нанесена на пензионерите кои својот работен век го поминале во различни земји и дека околу 3.500 пензионери од поранешните југословенски држави добиваат пензии кои кога ќе се соберат се пониски од просекот.