ДЕНЕСКА Е ЦВЕТНИЦИ: Православните христијани го слават влегувањето на Господ Исус Христос со неговите ученици во Ерусалим

/ 28.04.2024

Православните христијани денеска го одбележуваат големиот празник Цветници.

Цветници е денот кога Исус Христос заедно со своите ученици  влегол во Ерусалим. Тогаш народот го дочекал Исус со цвеќе, а овој настан традиционално секоја година се прославува една недела пред Велигден.

Според традицијата луѓето на овој ден се собираат во радост, но без веселба, и иако е пост, допуштено е да се јаде риба.

Обичај е во некои краишта спроти празникот жените да одат на ливада да наберат цвеќе, па да го стават во вода да преноќи, а наутро домашните се мијат со оваа вода.

Требало да се побрза бидејќи преданието говори дека оној кој прв ќе набере цвет, една желба ќе му се исполни. Се верува дека е добро да се стави врбово гранче за брз напредок, некаде ставаат дрен за здравје, а девојките ставаат и темјанушки.


Од истата категорија