Карагер бесен на играчите на Јунајтед: „Само молчете и излезете од теренот“

Манчестер јунајтед доживеа нов срам откако со 4-0 загуби на гостувањето кај Кристал палас и си го загрози излезот во европските натпреварувања. Стручниот коментатор на англискиот Скај спорт, Џејми Карагер, после натпреварот беше револтиран од фудбалерите на Манчестер јунајтед, кои со рацете преку уста разговараа после дебаклот кој го доживеаја.

„Само излезете од теренот. Разговарате, шепотите преку рака? Бевте апсолутно ужасни. Веројатно разговараат за некој фудбалер. Молчете и излезете од теренот. Изгубивте со 4-0, а шепотите и разговарате за играчите. Срамота.“ – беше коментарот на славниот Карагер.

Коментарот на Џејми Карагер се однесувасе на сцената после натпреварот кога во кадарот беа Онана, Маунт и Ентони, кои разговараа, но очигледно не сакаа камерите да ги снимат за што точно се однесува нивниот разговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести