ВИДЕО: Италија сигурна против Малта, Португалците го декласираа Луксембург

фото: EPA-EFE/Domenic Aquilina

По стартниот пораз од Англија во групата „Ц“ од квалификациите за ЕП 2024, репрезентацијата на Италија го запиша првиот триумф откако на гостински терен со 0:2 ја совлада Малта против која Македонија пред четири дена славеше со 2:1.

Головите беа постигнати во текот на првото полувреме, првиот беше дело на Ретеги во 15 минута, а вториот на Песина (27`).

Претходно Англија ја оправда фавориската улога против Украина на стадионот „Вембли“ во Лондон (2:0). Моментно на табелата води Англија со шест бодови, пред Италија и Македонија со по три, Украина и Малта се без бодови.

Португалија дојде и до втората победа во групата „Ј“, со 0:6 ја декласираше селекцијата на Луксембург. Кристијано Роналдо запиша два голови, а по еден Жоао Феликс, Силва, Отавио и Леао.

Се одиграа уште два меча, Северна Ирска загуби дома од Финска (0:1), додека Словачка со 3:0 ја совлада Босна и Херцеговина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот