ВЕСТИРЕГИОН

Српската полиција ги блокира косовските автобуси на границата со Хрватска

Над 300 државјани на Косово од полноќ се блокирани во Србија, соопшти Канцеларијата на Косово во Србија.

Секретарот на Канцеларијата за врски на Косово во Србија, Фатмир Хаџоли, оцени дека ова доаѓа по позитивното гласање во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

„Во знак на одмазда и апсурдна нервоза кон гласањето на Парламентарното собрание на Советот на Европа, за членство на Република Косово во оваа меѓународна институција, граничните власти на Србија, на преминот „Батровци“, Србија – Хрватска, ги држат блокирани од полноќ најмалку четири автобуси со регистарски таблички и патници, државјани на Република Косово.

Блокирањето на над 300 граѓани, чувањето на нивните пасоши и патни исправи, е флагрантно кршење не само на бриселските договори, туку и на универзалните човекови права гарантирани со сите меѓународни конвенции. Само најавторитарните режими ги блокираат патниците од друга земја, со образложение „ова е наредба од Белград“.

Бидејќи Српската Канцеларија за врски не комуницира со нашата Канцеларија, како што беше утрово, побарав и чекам блиска придружба да патувам до преминот Батровци за да се сретнам со нашите сограѓани и во знак на протест против ваквиот развој на настаните“, рече Хаџоли.

Ова го потврдија и од Здружението за транспорт на Косово. Ружди Куртишај рече дека од 01 часот по полноќ автобусите се запрени со образложение дека има наредба „од горе“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button