Без проблеми продолжува гласањето во Штип

За време на гласањето, констатирано е дека се тече во најдобар ред според правилата и прописите без никакви инциденти. Избирачкото место 2296/1 кое што брои 653 гласачи, до сега излезени се 70 гласачи, посочи претседателката, Оливера Топалова

„ Досегашниот момент, излезени околку 70 гласачи а избирачкото место има 653 гласачи. Гласачкото место се отвори точно во 07:00 часот, и досега нема никакви проблеми“ изјави Топалова

Во оваа прилика истиот став го делеше и претседателката на гласачко место 2300 Сања Гацов

„До сега се тече во најдобар ред, отвориме во 07:00 излезеност има од граѓаните, очекуваме и повеќе во попладневните часови, мирно е нема некои инциденти„ посочи Гацов

Во текот на гласањето, имаше и незадоволни граѓани кои за М-Нет телевизија изјавија дека ја изгубиле довербата и надеждта во политиката, и се децидини дека нема да го остварат своето право на глас.

„Не гласам, па не ме интересира веќе политиката нели гледаш се криминалци. Нивните закони како што и одговара, дават. Сеа скинале па на пензиониерите па 1000 денара, треба 3000 да дадат помош, 2000 даделе. За кој да гласам? Тие беа криминал, сеа вие па истите, па да дојдат тие истите, редат се едни други да дојдат , не гласам не ме интересира веќе“

А имаше и такви кои што веќе го оствариле правото на глас, и се задоволни од гласачката атмосфера.

„Ногу убаво, нема гужва гледам три, четири училници има големи и нема проблеми, има народ шо си се движе, и така добро е“

Денеска граѓаните гласаат за претседател на седмите по ред претседателски избори во државата.

Лаура Стојанова М-Нет