ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„И вие имате право да ги запознаете вашите биолошки родители“

Илија Јовановиќ е претседател на здружението „Градиме иднина“ кое главно се занимава со проблемите на децата без родители. Животното патување на Јовановиќ беше главниот мотив да се направи повеќе за оваа категорија деца. До 18 години израснал во дом за деца без родители.

Тој вели дека не знаел кои се неговите родители додека проектот „И вие имате право да ги запознаете вашите биолошки родители“ го започнал со своето здружение за право за познавање на биолошките родители.

Здружението „Градиме иднина“ кое го предводи Илија Јовановиќ има околу 70 волонтери кои делат слична судбина. Целта е да им се помогне на сите посвоени лица да можат да се обединат и да ги запознаат своите биолошки родители и семејства.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button