Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар попладнево настан во чест на Денот на македонскиот јазик

Објавено

на

Во пресрет на Денот на македонскиот јазик, кој се одбележува на 5-ти мај, попладнево во Гостивар ќе се одржи манифестација под мотото „Јазикот е нашата татковина“. Настанот го организира Центарот за култура „АСНОМ“, а ќе учествуваат ученици од основните училишта.

Програмата ќе биде исполнета со литературно читање на лични творби, стихови од антологиски макеоднски автори како Кочо Рацин, Константин Миладинов, Блаже Конески и други, исто така драматизации, ритмички изведби и фолклорни игри. Како почесни гости се најавени проф. д-р Кристина Николоска, директор на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје и Горјан Петревски, писател  за деца и млади.

Одбележувањето се организира порано од конкретниот датум, имајќи ги предвид пролетниот распуст и велигденските празници кои следуваат.

Настанот ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура, со почеток во 17 часот.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена