„Ќе го поврземе Куманово со Гњилане и Прешево, ќе инвестираме повеќе во агробизнисот, во грантови за земјоделците и во економски развој за да ја вратиме некогашната репутација на земјоделството и производството во регионот на Липково и Куманово“, рече претседателскиот кандидат на Коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари на митинг во општина Липково.
Тој кажа дека општина Липково ја донесе ДУИ на власт, а како награда, општината, како што рече, добила само штета, неправда и лошо владеење.
Според него, оваа состојба ќе заврши со гласот на самите граѓани за „Вреди“ и ќе ја донесе долгоочекуваната промена.
Тој меѓу другото, повтори дека со доаѓањето на коалицијата „Вреди“ на власт ќе се забрани коцкањето, а ќе се простат и долговите од фирмите за брзи кредити кои, исто така, рече, дека ќе се затворат.
Н. А.